Scholarships/mk

From Wikimania 2010 • Gdańsk, Poland • July 9-11, 2010
Jump to navigation Jump to search

* ar/العربية (published)* ca/català (published)* cs/čeština (missing) * br/brezhoneg (missing) * ben/ben (published)* de/Deutsch (published)* el/Ελληνικά (published)* en/English (published)* es/español (published)* eu/euskara (missing) * fr/français (published)* hu/magyar (missing) * ia/interlingua (missing) * it/italiano (published)* ja/日本語 (published)* ko/한국어 (published)* mk/македонски (published)* nl/Nederlands (published)* pl/polski (published)* pt/português (missing) * ru/русский (published)* ro/română (published)* scn/sicilianu (published)* sq/shqip (missing) * sw/Kiswahili (published)* sv/svenska (missing) * tr/Türkçe (published)* za/Vahcuengh (missing) * zh-hans/中文(简体)‎ (published)* zh-hant/中文(繁體)‎ (published)

destination: Scholarships
source update: 2010-04-02 (diff since translation)

Програма за стипендии за Викиманија 2010

Овогодинешната VI меѓународна конференција Викиманија 2010 ќе се одржи од 9-11 јули, 2010 г. во Балтичката филхармонија „Ф. Шопен“ во Гдањск, Полска. Фондацијата Викимедија нуди ограничен број на стипендии со кои би се подмириле трошоците за повратна карта, сместување и регистрација за Викиманија 2010.

Цели на програмата

  • Викиманија 2010 да успешна и делотворна меѓународна конференција.
  • Поддржување на проектите на Викимедија со поттикнување на земањето учество.
  • Збогатување на конференцијата со присуството на разнолика група активни и нови членови во движењето на Викимедија.

За пријавувањето за стипендија

За да се пријавите за „стипендија“ која ги покрива трошоците за повратна карта, сместување и регистрација за Викиманија во Гдањск, Полска (9-11 јули, 2010 г., треба да поднесете пополнета пријава.

Квалификување (кој може да се пријави за стипенција): За квалификуван се смета секој активен учесник на некој проект на Викимедија и/или доброволец во организацијата во секое друго својство, од било кое место во светот. Ги повикуваме да се пријават и другите учесници во други иницијативи за слободно знаење, слободен софтвер, колаборативни и/или образовни иницијативи.


Избор: Пријавите ги разгледува Одборот за разгледување пријави. Критериумите се утврдени од Одброт за стипендиски програм во согласност со целите и најважните одредници на Викиманија и Викимедија.


Рок за пријавување: Пријавувањето трае до 11 април, 2010 г., во 23:59:59 UTC. Пријавите поднесени после овој рок нема да се разгледуваат.


За повеќе информации во врска со стипендиите за Викиманија 2010, посетете ја страницата Прашања и одговори.